ПСЖ доведува големо засилување од Реал Мадрид?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Влијателниот француски весник Л`екип пишува дека Пари Сен Жермен во ова лето може да доведе големо засилување од Реал Мадрид.

На мета на Парижаните се наоѓа Хесе Родригез, кој новиот тренер Унаи Емери го гледа како одличен партнер со Единсон Кавани. После заминувањето на Златан Ибрахимовиќ ПСЖ е во потрага за напаѓач кој добро ќе се вклопи во системот на игра кој ја форсира шпанскиот тренер, а наводно баш Хесе може да биде тој.

Освен Л`Екип веста за почетокот на преговорите на Хесе со ПСЖ ги пренесоа и многу шпански медиуми, па останува да видиме дали ќе се реализира овој трансфер.

Хесе Родригез во минатата сезона одигра 38 натпревари во дресот на Реал Мадрид. Постигна шест погодоци и запиша осум асистенции, а интересно е дека не доби ниту еден жолт картон.