ПСЖ е на потег: Покетино сака ѕвезда на Манчестер јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Маурицио Покетино сака да го купи Пол Погба следното лето и сега на потег е ПСЖ за да ја исполни неговата желба.

И неговиот агент Мино Рајола најави дека Погба нема повеќе иднина на „Олд Трафорд“, а очигледно се подготвува теренот за негово заминување.

Францускиот фудбалер во претходниот период се поврзуваше со Јувентус, а наводно тимот од Торино понудил размена која не му одговарала на Јунајтед.

Сепак, сега поголема е шансата Погба да се пресели во Париз, но претходно ќе мора да остане уште неколку месеци кај „црвените ѓаволи“.

Погба за Јунајтед одигра 178 меча и постигна 34 голови.