ПСЖ има вишок пари: Шеиците сакаат да го купат Левандовски!

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски неколку пати јавно кажа дека сака да го напушти Баерн Минхен, иако има уште една година од договорот со баварскиот гигант.

Барселона е заинтересирана за неговите услуги, меѓутоа нема доволно пари за таков трансфер, а сега во целата приказна се вклучи и ПСЖ, кој планира наскоро да го промовира Зинедин Зидан како нов тренер, а потоа да тргне по засилувања.

ПСЖ има доволно пари за да го откупи Левандовски од Баерн, а покрај парижаните во игра за потписот на Полјакот е и англиски Челси, кој бара нов напаѓач откако немаше среќа со Ромелу Лукаку, кој се покажа како разочарување.