ПСЖ пазари во Мадрид?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На Емери веќе се исполнети три желби, на пат е и четвртата.

Неодамна Бен Арфа стави парф на верност со Светците, а денеска се обелоденија уште два трансфери на Паркот на принцевите.

Во француската претстолнина стигнаа Криховјак и Меније, кои потпишаа договор со ПСЖ.

По чекорите на споменатите тројца, може и фудбалерот на мадридски Реал, Хамес Родригез.

Колумбиецот е на излезните врати од Сантијаго Бернабе, поврзуван е со премин во Манчестер Јунајтед но шансите за тоа се мали.

Како што јавува „Yahoо“, Родригез моментално се наоѓа во Париз со својот менаџер Жорже Мендеш, каде што се очечува да се преговара со претставниците на францускиот шампион.

Одличниот фудбалер е на пат да се врати во Франција, каде што порано настапуваше за екипата на Монако.

Се зборува и дека е многу заинтересиран за новиот проект на ПСЖ, под „палката“ на Унаи Емери.

Во наредните денови ќе се знае дали дошло до договор меѓу клубот и играчот, а тогаш останува францускиот клбу да ги задоволи желбите и на Флорентино Перез.