ПСЖ подготвува одмазда: Ако Мбапе потпише за Реал Мадрид, парижаните ќе „удрат“ по брат му!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ерлинг Халанд се сели во Манчестер сити, а наскоро се очекува потврда и за трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, но претходно се појавија проблеми кои може да ја искомплицираат работата.

Французинот треба да бира меѓу продолжување на соработката со ПСЖ и преселба во Реал Мадрид, а шпанска „Марка“ открива нови детали.

Постои уште една причина поради која Мбапе би можел да се премисли и да остане во главниот град на Франција.

Освен тоа што е притиснат од претседателот Емануел Макрон, напаѓачот се плаши и за неговиот помлад брат Итан.

Момчето не би имало шанси за напредок во првата екипа на ПСЖ доколку тој потпише за „кралскиот клуб“.