ПСЖ со 180 милиони евра сака да го украде Кварацхелија од Наполи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи игра одлично оваа сезона и на добар пат е да ја освои титулата во Серија А. Еден од најдобрите фудбалери на теренот е Квича Кварацхелија, кој привлече големо внимание.

Грузиецот постигна 13 гола и 16 асистенции на 29 натпревари во сите конкуренции, а ПСЖ е заинтересиран за неговите услуги.

„Кориере дело Спорт“ објави дека францускиот гигант е подготвен да плати дури 180 милиони евра за Кварацхелија.

Кварацхелија треба да го замени Нејмар, кој најверојатно ќе си замине од Париз на крајот на сезоната.

За услугите на грузискиот репрезентативец се заинтересирани и Манчестер сити и Реал Мадрид.