ПСЖ во последните моменти ја шокираше Аталанта


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на ПСЖ е првиот патник во полуфиналето откако со 2:1 славеше против тимот на Аталанта.

Италијанскиот клуб доживеа вистинска трагедија затоа што голем дел од натпреварот имаа предност од 1:0.

Аталанта поведе уште во првиот дел со голот на Пашалиќ и до самиот финиш ја држеше предноста.

Сепак, во 90 минута им се случи катастрофа.  Маркињос погоди за 1:1 и големо олеснување за францускиот тим, за само три минути подоцна Чупо Мотинг да го постави и конечниот резултат на натпреварот.