Путин со коментар за мечот меѓу Русија и БиХ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Босна и Херцеговина соопшти дека ќе има пријателски меч против Русија, откако останатите селекции решија да ја бојкотираат поради инвазијата во Украина.

Коментар за пријателскиот меч даде и рускиот претседател Владимир Путин, кој смета дека спортот ги обединува луѓето.

„Спортот не треба да нè разделува, туку да нè обедини. Па поради тоа се надевам дека овој спортски настан ќе се одржи и ќе одигра своја улога во развојот на човечките односи меѓу луѓето“, кажа Путин.

Натпреварот е закажан за 19 ноември во Санкт Петербург, но конечно потврда за одигрување или одложување на истиот се чека на 10 октомври кога заседание ќе има Извршниот одбор на БиХ.