Quanto costa Даглас Коста?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Офанзивецот на Баерн е на мета на трофејниот италијански клуб.

За оние кои што ги пропуштија часовите по италијански – колку чини Даглас Коста?

Во целата приказна околу повлекувањето на Филип Лам и Чаби Алонсо се изгубија некаде тврдењата дека бразилецот е несреќен во Баерн и дека размислува за заминување.

Да потсетиме, Коста во интервјуто за Билд пред неколку недели откри дека не го радува тоа што често седи на клупата и дека размислува за кариерата надвор од Германија. Најновите информации од Италија кажуваат дека Јувентус моментално е најсериозен во намерата да го доведе бразилецот.

Коста игра стандардно во последните недели во Баерн, но Рибери кој до неодамна беше повреден сепак е во предност во однос на бразилецот.

Бидејќи дека сите карти се отворени не треба да не чуди ако на лето од Торино стигне официјално прашање за раководството на Баерн – quanto costa Диего Коста?