Рајола му носи фантастично засилување на Јувентус и тоа од – Рома!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По раната елиминација во Лигата на шампиони и дебаклот против Ајакс, управата на Јувентус најави тотална реконструкција на екипата за идната сезона.

„Старата дама“ доминира во Серија А, но навивачите се лути поради тоа што не успева Јуве да ја освои титулата во Лигата на шампиони.

Ниту пристигнувањето на Кристијано Роналдо не беше доволно за европскиот трофеј, а по испаѓањето од Ајакс, Португалецот порача дека му е жал.

Управата најави ремонт, а одбранбеното трио Барзаљи, Бонучи и Кјелини заминува во историјата. Барзаљи ќе се пензионира, а Бонучи и Кјелини се стари, додека Даниеле Ругани не е многу добар, па затоа Мино Рајола во Јувентус сака да го донесе Костас Манолас од Рома.