Ракитиќ најави дека би можел да си замине од Барселона уште во јануари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што стојат работите, времето на хрватскиот интернационалец, Иван Ракитиќ во Барселона истекува.

Имено, за хрватскиот интернационалец нема стандардно место во тимот на Валверде, а тоа го фрустрира, па во интервју за „АС“ најави дека би можел да си замине од клубот.

„Го сакам најдоброто за Барселона и сакам да се борам за да им покажам дека сум подготвен да помогнам кога ќе му требам на тимот. Но ако работите не се променат, ќе разговарам со клубот за евентуално заминување“ –истакна Ракитиќ во интервју за „АС“.