Ракитиќ се отвори и најави заминување од Барса: Тажен сум, Барса ми го одзеде тоа што го сакам…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ се отвори и во емсијата на „Мувистар“ истакна дека во моментов е многу тажен во Барселона.

Ракитиќ исто така истакна дека во моментов чувствува дека е во најдобрите години од кариерата и затоа најави дека би можел да си замине од клубот.

„Како се чувствува мојата ќерка кога ќе и се земе играчката? Тажно. Така се чувствувам и јас. Мене ми ја зедоа топката, многу сум тажен“ –започна Ракитиќ,а  потоа продолжи.

„Ги разбирам и почитувам одлуките на тренерот, клупските исто така. Дадов толку многу во овие пет години колку што сум во Барселона и сакам да продолжам да уживам овде. Но, знаете, имам 31 година, а не 38. Чувствувам дека сум во најдобрите години од кариерата, па“ –изјави Ракитиќ јасно најавувајќи дека доколку продолжи вака ќе си замине од клубот.

Голем број клубови се интересираат за него, а се верува дека Милан, Јувентус и Манчестер Јунајтед се најсериозни кандидати да го донесат во своите редови.