Ракометарите ја избришаа „Северна“ од Македонија (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација денеска го почнува походот на Европското првенство (ЕП), а прв ривал за нашите ракометари е репрезентацијата на Украина.

Македонските ракометари се подготвени за возбудувањата на ЕП, па сите се надеваат на победа на самиот старт на големото натпреварување, но интересна фотографија објави „Маркукуле“, каде што на автобусот на играчите „Северна“ беше прекриена со македонско знаме, па пишуваше само Тим Македонија.

Да потсетиме, Македонија во групата Б треба да игра уште и со Австрија и Чешка.

ФОТО: Маркукуле