Ракометарките ги дознаа противниците за квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2020

Женските сениорски репрезентативки на Македонија ги дознаа противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Ракометарките од третиот шешир ги чекаа противничките и налетаа на Шведска, Чешка и Португалија.

Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман на Европското првенство на кое организатори се Норвешка и Данска.

Група 1: Победник од квалификации, Австрија, Шпанија и Холандија
Група 2: Литванија, Унгарија, Црна Гора и Италија
Група 3: Белорусија, Словенија, Германија и Косово
Група 4: Швајцарија, Србија, Русија и Словачка
Група 5: Македонија, Португалија, Чешка, Шведска
Група 6: Турција, Хрватска, Исланд, Франција
Група 7: Фарски Острови, Украина, Полска, Романија