Ракометни ветерани ќе играат во чест на Тоше Проески во Струга


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска ќе почне ракометниот турнир за ветерани и ветеранки во Струга кој се игра во чест на македонската музичка легенда Тоше Проески.

Турнирот кој се игра во машка и женска конкуренција е закажан за денеска и утре, а на турнирот се најавени екипи од Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.

Екипата на Нова Градишка каде што загина Тоше нема да учествува на турнирот, но тие ќе пристигнат една недела подоцна за да одиграат ревијален меч.

Програмата почнува во 11 часот со мечот меѓу машките состави на Велес и Нови Сад.