Рамадани се договорил: Сари се сели во Јувентус!?


    Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


    По триумфот со Челси во финалето на Лига Европа, Маурицио Сари кажа дека заслужува место во Лондон, но мора да разговара со управата. Во петокот се поајви вест дека Италијанецот соопштил дека сака да го напушти „Стемфорд бриџ“.

    Во првата сезона во Премиерлигата, по голем број критики и маки, Сари го освои третото место со Челси и враќање во Лигата на шампиони, но и трофејот во Лига Европа.

    Како што пишува на својот Твитер, новинарот Алфредо Педуља чии информации досега се покажуваа како точни, Сари ќе се пресели во Јувентус.

    „Состанокот е завршен. Фали Рамадани го напушти Лондон. Преговорите беа позитивни. Челси се согласи да го пушти Сари во Јувентус и така го одржа ветувањето дадено во Баку. Рамадани испратил позитивни сигнали до Јуве“, пишува Педуља.