Рамос добил понуда од ПСЖ – огромна плата плус капитенска лента!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос наводно добил понуда од редовите на ПСЖ. Шпанецот со години е главен во одбраната на шпанскиот гигант, па освои многу трофеи во последните 15 години.

Се шпекулираше и за преселба во Манчестер јунајтед, но такво нешто не се случи. Сепак, шпанските медиуми тврдат дека ПСЖ сака летово да ја ангажира ѕвездата на Реал Мадрид.

ПСЖ сака да создаде искусен тим за освојување на Лигата на шампиони, а Рамос ќе биде еден од главните фудбалери.

Наводно, францускиот шампион е подготвен на Рамос да му ја даде и капитенската лента, но и огромна плата, па останува да видиме дали има вистина во овие шпекулации.