Рамос и неговите игри, ново неочекувано сценарио!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Серхио Рамос и Флорентино Перез ги продолжија преговорите и сега повторно се отвори можноста капитенот да остане во Реал Мадрид.

„Марка“ објави дека тие двајца имале состанок и дека неколку пати преговарале. Од претходно е познато дека Рамос бара иста плата, односно 12 милиони евра по сезона и договор на две години, додека Перез му нуди едногодишен договор и намалување на платата од 10 проценти.

„Марка“ тврди дека Перез и Рамос биле опуштени за разлика од претходно и дека договорот е сега капитенот да се фокусира на рехабилитацијата, а потоа и враќање на теренот.

Во меѓувреме, сите опции се можни, а според последните информации Рамос е расположен да остане во Реал и на крајот очигледно ќе пресуди големата почит меѓу Перез и шпанскиот дефанзивец.