Рамос се сели во клуб за кој многумина не слушнале дека постои!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Серхио Рамос е во последната година од неговиот договор со Реал Мадрид, а засега не е познато дали ќе ја продолжи соработката со шпанскиот шампион поради тоа што првиот човек на клубот Флорентино Перез не сака да му понуди двегодишен договор.

Шпанските медиуми пишуваат дека Рамос има алтернативни решенија доколку не се договори со Перез за нов договор. Дефанзивецот има шанса да се пресели кај Дејвид Бекам во неговата екипа Интер Мајами, за кој многумина немаат слушнато.

„АС“ пишува дека Рамос во Америка би имал големи маркетинг можности и му се допаѓа идејата да заигра во САД. Рамос слободното време го минува во Мајами, а посебно му се допаѓа тоа што неговите деца ќе може да добијат поквалитетно образование.

Рамос и Бекам се во одлични односи уште од времето кога беа соиграчи од 2005 до 2007 година.