Рангник ќе донесе 10 нови фудбалери во Јунајтед: Ова е срамно! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед загуби на гостувањето на „Енфилд“ со убедливи 0-4 од Ливерпул, па така сега треба да стравува и за пласман во Европа следната сезона.

По мечот и тешкиот пораз тренерот Ралф Рангник не штедеше зборови кон своите избраници и ситуацијата во тимот.

„Кога ќе нè споредите со Ливерпул кој Клоп го наследи пред шест години, тие завршија осми со 1,6 бодови во просек, а ние сме на тоа ниво со сегашниот тим. Овој тим мора да се изгради од почеток. Ова е срамно“, кажа Германецот.

Рангник најав и 10 нов фудбалери во Јунајтед што звучи неверојатно затоа што во сегашниот состав беа вложени стотици милиони евра.

„Повторно ќе градиме тим. Можеби 10 нови фудбалери ќе дојдат“, вели Рангник.