Раниери: Дуелот со Манчестер не е пријателски натпревар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Лестер, Клаудио Раниери неможе да дочека за да се соочи со Манчестер Јунајтед во рамките на Комјунити Шилд.

Лисиците во сезоната влегуваат со надеж дека ќе ја одбранат неочекуваната титула, а Мурињо пак сака после една сезона да ги собори.

Челси и Манчестер потрошија многу досега на трансфер пазарот, ќе трошат и уште за да ја спречат ланската сезона каде Лестер играше феноменално и заслужено ја освои титулата.

Раниера зборува оптимистички пред дуелот со победникот од Фа купот.

„Ова не е пријателски дуел. Ќе пружиме се од себе“ – вели Раниери

„И двата тима натпреварот ќе го започнат со иста цел, победа. Секој менаџер сака да игра на Вембли. Тој е еден од најголемите стадиони. Многу сум возбуден“ – додава Раниери за Скај Спорт.

„Очекувам Мурињо да излезе со најсилниот тим. Ние ги почитуваме сите противници, но истите сакаме и да ги победиме“ – додава Раниери

„Ќе го извадиме максимумот од нас. Заборавив што се случи минатата сезона, сега нова сезона е пред нас, фокусиран сум на неа“ – рече за крај на интервјуто Клаудио Раниери.