Расел излезе од болидот и трчаше по Жу по стравичниот инцидент на Силверстон (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Возачот на Ферари, Карлос Саинц славеше за првпат во кариерата на трката за Големата награда на Велика Британија, а почетокот на трката го одбележа стравичен инцидент.

На почетокот на трката се судрија Џорџ Расел и Жу Гуанју, по што возачот на Алфа Ромео се преврте и прелета преку заштитната ограда.

На Расел во судирот му пукна задната лева гума, но возачот на Мерцедес реши да ја прекине трката и излезе од болидот по што почна да трча кон Жу.

Расел трчаше кон неговиот колега, кој имаше огромна среќа што го преживеа страшниот инцидент.