Рашфорд го потопи Велс, па кажа: Англија е подготвена да го освои Мундијалот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиската репрезентација славеше со 3-0 против Велс и го обезбеди првото место во групата Б и така си закажа осминафинале со Сенегал.

Два гола на мечот против Велс постигна одличниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд.

„Одлично се чувствувам и среќен сум што обезбедивме пласман во нокаут-фазата затоа што имам огромни амбиции со тимот. Мислам дека може да ја освоиме титулата во Катар. Иако бевме разочарани поради резултатот со САД, сепак одигравме подобро. Ги искористивме нашите шанси и заслужено победивме“, вели Рашфорд.

Англија на 4 декември ќе се соочи против Сенегал и ќе се бори за осминафинале на Мундијалот.