Рашфорд го расплака ПСЖ среде Париз, Лацио го изненади Дортмунд, убедлив триумф на Барселона ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дербито на вечерта се играше во Париз каде што се соочија ПСЖ и Манчестер јунајтед. Францускиот гигант беше фаворит, но премиерлигашот успеа да слави со 2-1 во првото коло од Лигата на шампиони.

Голот за водство во тимот на Оле Гунар Солскјер го постигна Бруно Фернандеш од пенал, и тоа од втор обид. Прво Кејлор Навас му одбрани шут, но судијата го повтори пеналот поради тоа што голманот излегол порано од голот.

Одличен меч се играше во продолжение, двата тима имаа шанси, а ПС во 55. минута израмни на 1-1, по што Маркус Рашфорд во 87. минута го реши мечот и ги постави конечните 2-1.

На останатите натпревари Челси одигра 0-0 против Севилја, Рен ремизираше со Краснодар (1-1), Лајпциг го совлада Башакшехир со 2-0, Лацио беше поуспешен од Борусија Дортмунд со 3-1, а Барселона го растури Ференцварош со 5-1.