Распад систем во Барселона: Кеси и Кристенсен си заминуваат бесплатно!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона летово се засили со неколку фудбалери, но сепак би можела да се откаже од дел од нив затоа што нема начин како да ги регистрира поради големите финансиски проблеми.

„ЕСПН“ објави дека Барселона најверојатно ќе се откаже од услугите на Франк Кеси и Андреас Кристенсен, кои ќе си заминат бесплатно од тимот, иако пристигнаа пред еден месец.

Кеси дојде од Милан, додека Кристенсен од Челси и потпишаа четиригодишни договори, но Барселона не може да ги регистрира за следната сезона.

Каталонскиот гигант се обидуваше во претходниот период да продаде дел од фудбалерите, меѓу кои и Френки Де Јонг за да го ослободи буџетот, но сепак не успеа и поради тоа се соочува со сериозни проблеми.