Распад систем во Минхен: Тухел денеска ќе го напушти Баерн!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баерн Минхен ја освои титулата во најлудата завршница на сезоната во Бундеслигата, а притоа им беа доделени откази на Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан, но очигледно истата судбина му се пишува и на тренерот Томас Тухел, иако имаше најави дека ќе остане.

Легендарниот Дитмар Хаман верува дека Тухел ќе го напушти клубот уште денеска затоа што сфатил дека ова не е идеална средина за него.

„Кога ќе видите како се однесуваат со луѓето околу вас, ќе се запрашате дали сакате да бидете во таков клуб. Мислам дека Тухел уште денеска ќе си замине од екипата“, кажа Хаман.

Очигледно има проблеми во соблекувалната на германскиот шампион, а останува да видиме дали ќе се исполни прогнозата на Хаман и Тухел ќе си замине од баварскиот тим.