Распродажба во Барселона: Куман продава фудбалери за 200 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роналд Куман ќе биде иден тренер на Барселона, а веќе се подготвува распродажба во каталонскиот гигант, од кој се очекува да заминат многу фудбалери.

Еден од фудбалерите кои би можел да замине е Луис Суарез, кој има намера да се пресели во Амстердам и да заигра за Ајакс.

На продажба нема да бидат само неколку фудбалери, меѓу кои Марк Андре Тер Штеген, Френки де Јонг, Лионел Меси, Ансу Фати и Рики Пуџ, што значи сите останати можат да заминат.

Според првите проценки на раководството на Каталонците, од продажба на фудбалерите би требало да заработат околу 200 милиони евра и така ќе имаат пари за неколку засилувања.