Реакцијата на Обемејанг покажува дека синоќа го одигра последниот меч за Барселона (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона вчера одиграа 3-3 против Манчестер сити во пријателски меч во хуманитарни цели.

Иако мечот беше пријателски, сепак навивачите можеа да уживаат во магијата на фудбалерите кои постигнаа вкупно шест гола.

Сепак, по дуелот беше забележана сцена која можеби потврдува дека Пјер-Емерик Обамејанг го одигра последниот натпревар за Барселона.

Челси веќе некое време се обидува да го купи Обамејанг, но Барселона не сака да ја намали цената и бара 30 милиони евра за неговите услуги.

Во моментов траат преговори меѓу двете страни, па наскоро се очекува конечен епилог од драмата.