Реал е очаен – ваква црна низа немал речиси четири децении!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид беше поразен на домашен терен од Шахтјор со 2-3 во првото коло од Лигата на шампиони, па така ја продолжи катастрофалната сезија од три порази во елитното натпреварување.

Вакво нешто на Реал не му се случило уште од далечната 1981 година во тогашниот Куп на шампионите. Од сезоната 1992/93 беше променето името во сегашното и Реал никогаш не загубил трипати по ред, до вчера.

Ќе потсетиме, во осминафиналето минатата сезона Реал два пати изгуби од Манчестер Сити.

Ситуацијата во тимот на Зидан е алармантна, најмногу поради тоа што во сабота играат „Ел Класико“ на гости кај Барселона.