Реал е отсечен: Повеќе не сакаме да соработуваме со Куртоа…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не е тајна – Зинедин Зидан сака да го има на голот Кејлор Навас. Тибо Куртоа прилично слабо бранеше од пристигнувањето во Реал. Ако се соберат тие информации се добива веста која стигнува денес: Реал сака да го продаде Куртоа.

Кралскиот клуб би сакал да го продаде, Белгиецот не би сакал да замине, а Зидан би сакал да се клади на Кејлор Навас.

Пристигнувањето на Зидан значеше и промена на живот за многумина од играчите кои земаа здраво за готово дека ќе остане во Реал. Тоа се однесува на Куртоа од кого Реал сака да се ослободи и да му ги даде сите ингеренции на Навас. Тоа е заедничка одлука на Зидан и менаџментот на клубот.

Куртоа не го задоволи Реал на два нивоа. Неговиот спортски учинок не е на нивото на очекуваното. Дојде како еден од најдобрите голмани на светот и не го исполни тоа што од него се бараше. Втората причина е што на Реал не му се допаѓа животот на Куртоа кој неретко се појавува во жолта штампа во Шпанија.

Зидан верува во Навас кој многу му донесе во текот на досегашната соработка. Довербата е двострана, па Навас веќе донесе одлука да остане во Реал.

Куртоа стигна во Реал изминатото лето. Потпиша на шест сезони, платен е 40 милиони евра на Челси. Останува да се види колку Реал ќе добие за Белгиецот ако успее да најде, добар купувач и да го продаде овој голман.