Реал го сака Ван Дајк, Ливерпул експресно одговори


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со доаѓањето на Вирџил ван Дијк, Ливерпул стана тим со најдобра одбрана, а години предходно тоа не беше случај.

Црвените отсекогаш биле „отворени“ назад и честопати примале голови, но пристигнувањето на Ван Дајк ги смени работите, а сега мрежата на „црвените“ се тресе многу малку на Енфилд, како што е случајот со многу од гостувањата на овој тим.

Флоренцино Перез, според новинарите, решил да го донесе фантастичниот Ван Дајк во Реал, со понуда од 150 милиони фунти.

Сепак, Ливерпул не одговара со „да или не“, туку само со продолжување на договорот со репрезентативецот на Холандија.

Се шпекулира дека „црвените“ ќе обезбедат таков договор за Вирџил да добие 50 милиони фунти, но ќе вклучуваат и разни клаузули кои ќе ги активираат при секој успех на клубот во Англија и во Европа.

Тоа треба да биде доволно за да остане Ван Дајк. Поранешниот играч на Гронинген, Селтик и Саутемптон пристигна во Ливерпул во зимата 2018 година за 75 милиони фунти. Тој ги освои Лигата на шампионите, Европскиот супер куп и клупскиот Светски куп со Црвените има огромна шанса да биде шампион во Премиер лигата.