Реал ќе продава 13 фудбалери, а четворица се под статус: „Можеби“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Огромни промени во кралскиот клуб.

Мадридскиот клуб Реал за ова лето спрема потполна „чистка“ во тимот.
Голем број на сегашни фудбалери ќе го напуштат кралскиот тим, а популарниот шпански медиум Marca истакнува дека дури 13 играчи нема веќе да играат за Мадрид.

Објавени се и имињата на фудбалерите на кој Зинедин Зидан не смета во наредната сезона и тие сигурно ќе го напуштат клубот на Кралевите.

Тоа се: Keylor Navas, Reguilon, Vallejo, Theo Hernandez, Ceballos, James, Odegaard, Llorente, Kovačić, Oscar, Bale, Mayoral, Raul de Tomas.

Покрај оваа листа на фудалери кои се дефинитивно отпишани од клубот, има и фудбалери се под знак прашалник за тоа дали ќе останат во клубот.
Тоа се: Brahim, Isco, Vazquez, Mariano…

Секако, одредени позиции ќе бидат потполнети со засилувања, се очекува доаѓање на многу звезди во Мадрид, а листата на играчи која Кралевите ја посакуваат е огромна.

Меѓу потенцијалните засилувања се Миралем Пјаниќ, Еден Хазардм Пол Погба, Кристјиан Ериксен и Лука Јовиќ.

Нам ни останува да видиме како ќе изгледа мадридскиот великан од наредната сезона, полошо од ова сигурно не може, бидејќи позади нив оставија многу тежок период.

Зинедин Зидан ќе има многу работа да го склопи идеалниот тим кој треба да се врати на врвот на шпанскиот и европскиот фудбал.