Реал ќе состави пеколен тим: Анчелоти избра засилувања, Перез ќе ги ангажира на лето!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид игра одлично оваа сезона, па синоќа во Лигата на шампиони (ЛШ) ја запишаа третата победа во третиот меч, додека во Ла Лига со шест победи и едно реми го делат првото место со Барселона.

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид веќе пронашол засилувања за следното лето, а едно од нив ќе биде Џуд Белингамм од Борусија Дортмунд.

Белингам е желба на Реал од 2019 година, но тој една година подоцна потпиша за Дортмунд во трансфер вреден 25 милиони евра од Бирмингем.

Претседателот на шпанскиот тим, Флорентино Перез не планира да штеди пари и ќе плати околу 100 милиони евра за услугите на англискиот репрезентативец.

Исто така, Перез е заинтересиран за Халанд и Кансело од Манчестер сити, но пореална опција е ангажман на Португалецот.