Реал Мадрид бара одземање на титулите на Барселона и исклучување од УЕФА натпреварувањата!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид од Европската фудбалска федерација (УЕФА) бара одземање на трофеите поради случајот ‘Негрејра’.

Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перес најави тужба против Барселона пред УЕФА поради случајот ‘Негрејра’ во кој Барселона е обвинета дека во периодот од 2001 до 2018 година плаќала услуги на судии.

Истражувањето откри дека Барселона меѓу 2001 и 2018 година уплатила околу 8,4 милиони евра на компании поврзани со поранешниот потпретседател на Техничкиот комитет на судиите Хосе Негрејра. Сепак, не беа пронајдени докази дека со тие уплати се добиле предности на теренот.

Судот во 2024 година ја отфрли обвинението за поткуп на јавен службеник, бидејќи беше утврдено дека Негрејра според шпанското право не беше јавен службеник. Сепак, истрагата за спортска корупција сè уште трае.

Барса призна дека ги извршила уплатите, но тврдат дека уплатите биле за анализи и извештаи за судии, како и подготовителни материјали за стручниот штаб.

Сепак, во Мадрид сметаат дека Каталонците мамеле. Перес подготви 500 страници за тужба пред Европската фудбалска федерација (УЕФА) и ќе побара сериозни казни за најголемиот ривал.

“Реал Мадрид бара од УЕФА да ги одземе титулите на Барселона поради случајот Негрејра. Исто така, тука е и барањето да се исклучи од европските натпреварувања. Досието со доказите за неправилностите кое го подготвува Флорентино Перес е на пат”, наведува новинарот Јосе Феликс Диаз.