Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Јунајтед во битка за турски фудбалер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Млад турски фудбалер ги „збудале“ големите фудбалски екипи ширум Европа.

Играчот на Фенербахче, 16 годишниот Омер Бејаз се поврзува со трансфер во редовите на Манчестер Јунајтед, Барселона или Реал Мадрид, клубови кои пројавиле најсериозен интерес занеговите услуги.

„Дејли Експрес“ пренесува дека 16 годишниот фудбалер има договор до 2021 година и токму затоа Фенербахче ќе се согласи да го пушти да си замине со цел да добие некои финансиски средства.

Бејаз иако има само 16 години е редовен во у19 тимот на Фенербахче, а на два пати бил дел и од сениорскиот тим, но не добил шанса за настап.