„Реал Мадрид би можел да понуди 180 милиони евра за Палмер“


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Шпанскиот и европски гигант Реал Мадрид секогаш сака да ги има најдобрите фудбалери во светот, па наскоро би можел да тргне по потписот на Кол Палмер од Челси.

Палмер минатата сезона настапи на 48 меча, а притоа постигна 27 голови и 15 асистенции, додека во оваа сезона веќе има шест погодоци и пет асистенции на девет меча.

Поранешниот шкотски фудбалер Грем Сонес смета дека Реал би можел наскоро да тргне по неговиот потпис.

„Сити направи грешка што му дозволи на Палмер да потпише за Челси. Сигурен сум дека има и други фудбалери на кои можеа да заработат пари. Челси плати 47 милиони евра за Палмер, но Реал би можел да понуди до 180 милиони евра за него“, вели Сонес.