Реал Мадрид доби големо засилување пред дербито со Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид сезонава игра одлично и запиша шест победи во Ла Лига, како и две во Лигата на шампиони, а медиумите пишуваат дека наскоро на тимот ќе му се приклучи и Карим Бензема.

Французинот поради повреда паузираше четири недели, но конечно се рехабилитира и в недела ќе му биде на располагање на тренерот Карло Анчелоти.

„Среќен сум што се вратив. Имав време да тренирам. Се чувствувам добро и удобно. Едвај чекам да играм в недела“, кажа Бензема.

Францускиот напаѓач последниот меч за „кралевите“ го одигра на 6 септември во Лига на шампиони против Селтик и мораше да го напушти теренот предвреме поради повреда.