Реал Мадрид донесе одлука за Варан: Французинот може да замине, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Рафаел Варан е проценет на половина милијарда евра, а токму толку ќе треба да плати тимот, кој сака да го ангажира Французинот.

Неодамна се пишуваше дека Варан сака да замине од клубот и да почне нов предизвик, но „АС“ ја загреа приказната со тоа дека Французинот можеби ќе остане, но доколку добие годишна плата од девет милиони евра.

Францускиот стопер стигна во Мадрид во 2011 година и досега одигра 270 натпревари, а притоа освои 16 трофеи со „кралевите“.

Јувентус беше заинтересиран за дефанзивецот, но очигледно нема да може да го ангажираат бидејќи тешко може да се очекува дека за него ќе платат дури 500 милиони евра.