„Реал Мадрид е способен да ја освои ЛШ и Ла Лига“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешната бразилска ѕвезда Рикардо Кака даде изјава која во моментов звучи премногу чудно и многумина се сомневаат дека ќе се оствари.

Кака ги коментираше настапите на неговиот поранешен клуб Реал Мадрид и притоа кажа дека ќе ги освојат Лигата на шампиони (ЛШ) и Ла Лига.

„Во Реал мадрид секогаш мора да освоите трофеј. Затоа притискот е голем врз тренерот Зидан. Мора да ја освои Ла Лига или ЛШ, тоа се трофеи кои ги сакаат навивачите, а мислам дека се подготвени во моментов“, вели Кака.

Реал Мадрид пред два дена загуби од ПСЖ со 0-3 во ЛШ, а шпанските медиуми шпекулираат дека Зидан би можел да ја загуби работата.