Реал Мадрид го договори најголемото „засилување“ за следната сезона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид сезоната ја заврши на второ место, па следната година ќе се обиде да го освои трофејот во Ла Лига, кој оваа му припадна на Атлетико Мадрид.

Карим Бензема во последно време беше во центар на внимание поради враќање во репрезентацијата на Франција по шест години, а сега се појавија нови добри вести.

Шпанските медиуми пишуваат дека „кралевите“ на Бензема му понудиле нов договор до 2023 година, а наводно Французинот ја прифатил понудата.

Бензема е во „кралскиот клуб“ веќе 12 години, а актуелниот договор му завршува следното лето, но со оглед на настапите кои ги покажува, не е ништо чудно што претседателот Флорентино Перез сака да го задржи уште подолго во тимот.

Французинот сезонава на 33 меча во Ла Лига постигна дури 22 гола.