Реал Мадрид го најде „новиот Касемиро“!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид продолжува со засилувањата, па наскоро се очекува да пристигне уште еден Бразилец во тимот, а тоа е Жоао Гомеш од Фламенго.

„Кралевите“ бараат замена за Касемиро, кој летово се пресели во Манчестер јунајтед, а очгиледно сметаат дека Гомеш е идеално засилување.

„ЕСПН“ објави дека тимот од Мадрид веќе одржал преговори со агентите на Гомеш, иако засега не е познато дали ќе тргнат по неговиот потпис во јануари.

„Имам информација дека тој е блиску до Реал Мадрид, кој ќе плати 30 милиони евра за трансферот“, кажа новинарот Мартин Либерман.

Фламенго е познато по развивање на млади ѕвезди, кои привлекуваат интерес од европски гиганти.