Реал Мадрид гостува кај Билбао без еден од најважните фудбалери


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид има тешко гостување кај Атлетик Билбао во недела, а на мечот ќе игра без еден од најдобрите фудбалери, а тоа е Рафаел Варан.

Французинот се повреди во мечот против Хетафе, па нема да може да настапи на гостувањето кај Билбао, поради што Зинедин Зидан ќе мора да смета на Едер Милитао.

„Кралевите“ може да се пофалат со добра одбрана сезонава, а токму за тоа беше заслужен и Варан, кој ќе мора да паузира најверојатно на еден или два натпревари.

Треба да потсетиме дека Реал Мадрид е првопласиран во Ла Лига со четири бодови повеќе од Барселона, на пет кола до крајот на сезоната.