„Реал Мадрид и Барселона доставија понуди, имав три дена и го избрав поголемиот клуб“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид успеа да донесе неколку талентирани фудбалери од Бразил, а прв кој пристигна беше Винисиус Жуниор од Фламенго.

Овој 19-годишен фудбалер е член на Реал Мадрид од 2018 година и засега често добиваше шанса да покаже што знае во првиот тим.

„Реал Мадрид и Барселона доставија понуди, имав само три дена да решам, а поради тоа што секогаш сакав да играм за најголемиот клуб во светот, го избрав Реал. моите родители ги посетија двата клуба и на крајот Мадрид им се допадна, а тоа се поклопи со моите желби“, кажа младиот фудбалер.

Реал Мадрид за младиот Бразилец издвои 46 милиони евра.