Реал Мадрид и понатаму го продава Џејмс, поставена и цената


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Колумбискиот репрезентативец сеуште не знае каде ќе игра наредната сезона.

Тој се врати од позајмицата во Баерн, но Реал Мадрид не планира да го задржи.

Денес се објавени информации дека Реал ја одредил цената за Џејмс, па така клубот кој ќе сака да го ангажира, ќе треба да плати 50 милиони евра.

Џејмс и понатаму се поврзува со Наполи, но денес стигна во Мадрид и го одработи првиот тренинг со тимот во очи на новата сезона.

Освен Наполи и Атлетико Мадрид се заинтересирани, но се верува дека Реал нема да дозволи тој да премие во градскиот ривал.

Како и да е, Џејмс не е сеуште сигурен за конечната одлука, но не е исклучен на крајот сепак да го носи дресот на Реал и да проба да се избори за стартните 11.