Реал Мадрид има „план Б“ ако не го купи Мбапе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид со години се обидува да го купи Килијан Мбапе, но засега не му успева, а во изминатите денови се појавија шпекулации дека бил постигнат договор меѓу фудбалерот и претседателот на тимот Флорентино Перез.

Дури и да е вистина таа шпекулација на медиумите, „кралевите“ мора да чекаат до следното лето за Мбапе, а дотогаш може да се променат многу работи, па затоа Реал Мадрид има „план Б“ ако не го купи Французинот.

Џамал Мусиала бил поставен како една од главните желби на „кралевите“ доколку не успеат да го ангажираат Мбапе, но шпанскиот тим ќе се соочи со голема конкуренција.

Мусиала импресионира со неговите настапи во Баерн Минхен, а веќе има договор до 2026 година и добива плата од седум милиони фунти годишно.