Реал Мадрид испрати помош за украинскиот народ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид реши да му помогне на загрозениот украински народ кој се наоѓа пред тешка зима бидејќи имаат проблеми со електричната енергија поради војната со Русија.

„Кралевите“ поради тоа решија да им помогнат на граѓаните и испратија 20 генератори, кои ќе бидат распределени низ земјата.

„Проблемите со електричната енергија во Украина предизвикана од руските напади влијае врз животите на милиони Украинци, кои немаат греење на овие температури. Шахтер побара помош од европските клубови, па затоа ние предку нашата Фондација испративме 20 генератори кои ќе им помогнат на дел од жителите“, соопштија од шпанскиот клуб.