Реал Мадрид „изгоре“ со Јовиќ – ќе заработи 15 пати помалку од тоа што плати за неговиот потпис


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот напаѓач Лука Јовиќ требаше да биде предводник на нападот на Реал Мадрид, но тој ги разочара сите со неговите настапи, по што беше испратен на неколку позајмиции, а сега се шпекулира дека ќе направи трансфер во Галатасарај.

Турскиот гигант му нуди опција да игра во Лигата на шампиони (ЛШ), а Јовиќ најверојатно ќе се согласи на такво нешто. Србинот претходно бесплатно дојде во Фиорентина, но калчолигашот прифати да им исплати на „кралевите“ дури 50 отсто од сумата на неговиот следен трансфер.

Вредноста на српскиот голгетер е околу осум милиони евра, а тоа значи дека Реал ќе добие четири милиони евра од трансферот, односно 15 пати помалку од тоа што платија за неговиот трансфер од Ајнтрахт Франкфурт.