Реал Мадрид ја наполни мрежата на Гранада и сега е лидер во Ла Лига 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Избраниците на Карло Анчелоти ја продолжија добрата серија во Ла Лига и денеска со 4-1 ја совладаа Гранада, па така Реал Мадрид е нов лидер во шпанскиот шампионат.

Асенсио и Начо беа стрелци на головите во првото полувреме за гостите, додека единствениот погодок за домаќините го постигна Суарез.

Винисиус Жуниор погоди за 3-1 во 56. минута, по што се случи хорор за домаќините, откако добија два црвени катони, а Менди ја потврди победата на „кралевите“ од 4-1.

Реал Мадрид ја врза третата победа по ред во Ла Лига и сега со 30 бодови е лидер пред Севиља и Реал Сосиедад кои имаат по 28 бода, додека Атлетико Мадрид има 26 на четвртата позиција.