Реал Мадрид ја следи ситуацијата во Милан и сака да „украде“ голема ѕвезда?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид летово планира да се засилува, а ако им се верува на италијанските медиуми, изборот паднал врз Франк Кеси.

Милан се обидува да го задржи Кеси и му понуди нов договор до 2025 година, како и зголемување на платата.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата коска има договор со Милан до 2022 година, а досега за „росонерите“ запиша 74 натпревари и постигна 14 голови.

Неговата вредност на трансфер-маркетот изнесува 40 милиони евра, кои не би требало да бидат проблем за „кралевите“.