Реал Мадрид ќе го „одврзе ќесето“ за една од своите ѕвезди


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид е активен ова лето и веќе ангажира четири засилувања, додека неколку играчи потпишаа нови договори.

„Кралевите“ планираат да потпишат нови договори и со останатите фудбалери, а следен на листата е Винисиус Жуниор.

„Кадена Сер“ објави дека Реал ќе му понуди петгодишна соработка, а откупната клаузула ќе биде милијарда евра, додека во договорот ќе има клаузула и за бонус ако ја освои „Златната топка“.

Реал Мадрид сака да покаже дека го почитува Бразилецот, кој е еден од најважните фудбалери на тимот.